Еко квиз

Во рамките на проектот „Иновативни практики за заштита на животната средина – фаза II“ беа вклучени и децата и тоа од 5 основни училишта од регионот на Преспа и 10 од регионот на Корча. Децата кои беа вклучени во проектот изградија еко градини, имаа свои еко патроли за заштита на животната средина, а на истите им беа одржани серија на предавања за заштита на животната средина. Она што беше посебно интересно за учениците беа организираните Еко квизови. Во секое од училиштата беа формирани тимови од по 3 ученици кои се натпреваруваа меѓу себе. А победниците учествуваа на меѓународниот Еко квиз кој се одржа во ОУ Гоце Делчев во Ресен.
Имено на овој квиз учествуваа 15 екипи на ученици, кои одговараа на прашања кои беа дел од предавањата кои беа одржани во училиштата. Квизот покрај потврдата на знаења, натпреварувачкиот дух донесе и добро дружење меѓу децата од двата региони. После завршувањето на квизот, учениците заедно со нивните професори се упатија во центарот на Ресен, каде што нивни школски другарчиња имаа активности од еко кампања, а тие им се приклучија.