JTS Monitoring

Мониторинг на проектот од ЗТС – Заеднички Технички Секретаријат Струга (Антена)

На 1 ноември 2019, во канцелариите на Центарот за граѓанска иницијатива имаше мониторинг посета од страна на ЗТС – Заеднички Технички Секретаријат Струга (Антена). Целта на посетата беше на мониторинг за активностите спроведени во рамките на проектот “Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II”.
Со мониторингот се изврши преглед на тековните случувања во однос на оригиналниот план за работа на проектот, како проектни индикатори и логичка рамка. Се разговараше за презентирање и промовирање на резултатите од проектот и за завршниот настан.