Промотивен настан Охрид 10.07.2019 / Visibility event Ohrid 10.07.2019 / Event i vizibilitetit Ohër 10.07.2019

Успешно промовирање на резултатите на проектите од прекуграничната програма меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија

Промотивниот настан „Градење заедничка иднина – Creating a common future“ кој се одржа на 10.07.2019 во градот Охрид ја покажа ефективноста на регионалната соработка помеѓу двете земји пред повеќе од 150 учесници од најразлични профили, професионалци од сферата на туризмот, претставници на невладиниот сектор, локалната самоуправа, бизнис секторот, медиумите како и случајните посетители и гости во градот Охрид.
За нагласување е дека многу случајни минувачи, граѓани на Охрид, а и многу туристи посебно се заинтересираа и побараа подетални информации за резултатите кои 9те проекти ги постигнаа во текот на нивната реализација.