Експерт за одржување на еко градини и процес на едукација

Објавено на: 10.08.2018

Почитувани,

Центар за граѓанска иницијатива, Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за одржување на еко градини и процес на едукација. Ова е покана за учество на тендер за горенаведениот договор за услуга. Со оваа покана во прилог ви ги доставуваме следните документи, кои се дел од тендерската документација:

  • Покана за учество на тендер
  • Услови и инструкции за работа
  • Анекс I– Методологија
  • Анекс II– Клучни експерти
  • Анекс III– Финансиска понуда
  • Анекс IV– Изјава за ексклузивност и достапност
  • Анекс V- Изјава од добавувач

Повеќе информации за бараниот ангажман и начинот на поднесување понуди можете да најдете во документот насловен Услови и инструкции за работа даден во прилог.

* Забелешка: Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.

Документацијата треба да биде испратена во оригинал или скенирана со потпис и печат од одговорното лице.

Понудата се доставува во затворен коверт во архивата на Центар за граѓанска иницијатива- Прилеп (ул. Димо Наредникот бб зграда Ерик) или скенирана на е-пошта на evgenija@cgimk.org.mk.

На надворешната страна на ковертот или во предмет на е-маилот наведете:,За тендер Реф. Бр. 03-130..

Понудата треба да се достави во рок од 8 дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 17.08.2018 година (петок), до 16:30 часот.

ДОКУМЕНТИ:

  1. Покана за учество на тендер
  2. Услови и инстукции за работа
  3. Анекс 1: Методологија
  4. Анекс 2: Клучни експерти
  5. Анекс 3: Финансиска понуда
  6. Анекс 4: Изјава за ексклузивност и достапност
  7. Анекс 5: Изјава од добавувач