ПОВИК ЗА АГРО ПРОИЗВОДИТЕЛИ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА ФЕРТИЛИЗАЦИЈА

Во рамки на Проектот “Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II” кој го спроведува Здружението Центар за граѓанска иницијатива во партнерство со Организацијата за дестинации за управување (ДМО), Здружението на овошни производители Благој А. Котларовски и Агринас-ЕР објавен е повикот за агро производители за инсталирање на систем за фертилизација во веќе постоечкиот систем за наводнување капка по капка.

Повикот е отворен за сите агро производители кои работат во регионот на Преспа и Корча.

 

Цели: Главната цел поставена за оваа акција е да се стимулира одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина.

Специфични цели:

  1. Да се зголеми свеста за одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина

Б. Намалување на негативните ефекти од употребата на пестициди и ѓубрива врз животната средина

Резултати:

  1. Поддржани активности на агропроизводителите за рационално користење на пестициди и ѓубрива за намалување на негативниот ефект врз животната средина
  2. Зголемена свест за одржливо користење на националните ресурси преку практики без отпад.

 

Крајниот рок за аплицирање е 18 Јуни 2019 година кога треба да бидат примени сите пријави.

Сите документи за повикот можете да ги преземете тука: Апликација и Упатство