Наслов на проектот: Иновативни практики за заштита на животната средина фаза II

Компонента: ИПА 2, Програма за прекугранична соработка.

Времетраење на проектот: 24 месеци, 15.11.2017 – 14.11.2019

Вкупен буџет: 439,929.60 €

Водечки апликант и ко-апликанти: Центар за граѓанска иницијатива (ЦГИ) како водечки апликант и Организација за управување со дестинации (ДМО), Здружението на овоштари Благој А. Котларовски и Агринас-ЕР како ко-апликанти.

Апстракт: 

Населението на територијата на прекуграничната област со бројка од 30.000 имаше корист од проектните активности кои беа наменети за подобрување на животната средина. Покрај учесниците во проектот, најмалку 200 земјоделци кои работат околу сливот на Преспанското езеро и регионот на Корча, беа директно опфатени од проектните активности во секторот на одржливо земјоделство. Земјоделците беа поддржани преку тренинзи за користење на системот за фертигација, мерка која имаше диретен импакт на намалување на користењето на ѓубрива кои се сметат како еден од главните фактори за загадувањето. Истовремено, преку работата на Автоматските агрометеоролошки станици и СМС системот на информирање, земјоделците добиваат навремени информации за користење на пестициди за заштита на овошките што имаше импакт на намалување на загадувањето во земјата. Агрохемиските лаборатории ги поддржуваат земјоделците преку анализа на почвата која им обезбедува насоки за тоа какви ѓубрива да се користат. Сите овие интервенции имаа импакт на заштитата на животната средина и истовремено имаа импакт на економскиот раст на регионот. Импактот на интервенциите беше поддржан преку анализа на ефектиноста од корстењето на фертигацијата на намалувањето на користењето на ѓубрива и согласно на тоа редукција на нитратите како фосфор и нитроген во животната средина. Земјоделците се запознаа со системот на компостирање како можност за менаџирање на органското ѓубриво кое тие го користат за производство на компост кој е сигурен за живтоната средина и е основа за органско производство.

Формирањето на Здружение на земјоделци во Корча ги поддржа земјодеците и ефективно и организирано ги обезбедува со сервиси за нив во насока на менаџирање на агрометеоролошките станици и информативниот систем што стана препознатлив посредник меѓу сите странки во секторот. Земјоделците имаа можност да одат на студиска посета во ЕУ земјите за подобро разбирање на техниките на компостирање и фертигација.

Исто така, 15 училишта во двете земји беа вклучени во акцијата преку креирање на еко градини и еко патроли каде најмалку 2000 деца беа вклучени во образовни активности и кампањи за подигање на свеста.

Краен корисник: 30 000 луѓе кои живеат на терироријата на Преспа и регионот на Корчa.

Локација на активностите: Ресен, Преспа и Корча.

Цели: Главната цел на оваа акција е да се стимулура одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина.

Специфични цела:

A. Зголемување на свеста за одржливо користење на природните ресурси за заштита на животната средина.

Б. Намалување на негативните ефекти од употребата на пестицити и ѓубрива врз животната средина.

Активности:

Компонента 1: Координација, менаџирање и видливост вклучувајќи координативни состаноци, веб страна и активности за видливост како конференција за започнување на проектот и завршна конференција.

Компонента 2: Акции на агро- производители: Инсталација на дополнителни автоматски агро- метеоролошки станици и годишно одржување на веќе постоечки софтвер за обработка на собраните податоци од агро- метеоролошките станици. Поддршка на агро- хемиските лаборатории на прекугранично ниво и дизајнирање на информативна веб страница за дисеминација на податоци за промовирање на одржливо земјоделство. Исто така се предвидени обуки за земјоделци за практична употреба на методот фертиигација, отворање на Здружение на овоштари во Корча и пренесување на искуства од Здружението на овоштари Благој А. Котларовски од Ресен, пилотирање на користење на методот фертигација во две специфични области во прекуграничниот регион со обезбедување на суб- грантови за заинтересираните агро- производители. Исто така е предвидена студиска анализа за ефективноста на употребата на фертиригација на намалување на ѓубрива и, следствено, намалување на хранливите материи, како што се фосфор и азот, во животната средина.

Компонента 3: Подигање на свеста, вклучувајќи: Подигање на свеста за младите во одржливо користење на националните ресурси; Воведување на систем за компостирање како техника за намалување на ѓубривата и прекугранична размена на практики; Студиска посета ЕУ земјите за разбирање на техниките за компостирање и оплодување.

Резултати:

i. Поддржани активности на агро- производителите за рационално користење на пестициди и ѓубрива за намалување на негативниот ефект врз животната средина.

ii. Зголемена свест за одржливо користење на националните ресурси преку практики “без отпад”.